Лазаров со дополнителен повик за контролата против Австрија

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го прошири списокот за пријателскиот натпревар против Австрија во рамките на ЕХФ неделата, повикувајќи уште еден ракометар, во името накружниот напаѓач на Вардар 1961, Кристијан Атанасовски.

Ова ќе биде дебитантски настап на сениорско ниво за Атанасовски. Од ростерот отпадна пивотменот Марко Стојковиќ, а во тимот нема да бидат ниту искусните Маркоски, Митревски, Пешевски, како и повредениот Ѓорѓиев.В

купно, Лазаров ќе располага со 19 ракометари за овој тест-меч. Репрезентативците го започнуваат собирот на 17 март во Скопје, а натпреварот против Австрија е закажан за 21 март во Брегенц (со почеток во 18 часот).

Се вчитува...