МЗТ Скопје не го дава врвот во Супер-лигата

МЗТ Скопје со триумфот над ТФТ конечно се искачи на првото место, а актуелниот првак со победата над Тиквеш од 88-85 јасно стави до знаење дека нема намера лесно да се откаже од врвот во пресрет на плејоф доигрувањето.

Аеродромци наидоа на неочекувано силен отпор од кавадарчани, но МЗТ сепак покажа искуство и квалитет во клучните моменти, заслужен стигнувајќи до победата. Тиквеш заслужува само пофалби за пристапот и за покажаната игра, кавадарчани во првото полувреме целосно му парираа на фаворитот, првата четвртина заврши 25-25, а на одмор се замина со минимални 47-46 за МЗТ Скопје.

Максимално израмнето се играше и во третиот период, што МЗТ го заврши со 70-67 благодарение на тројката на Петков. „Металците“ конечно се одлепија во четвртата четвртина, поведувајќи со 84-75 на две минути до крајот. Тиквеш не се откажа, гостите се бореа до крај, но бодовите на овој неочекуван интересен дуел останаа во Аеродром.

Американците беа во главна улога, Смит Мекоувен ги предводеше стрелците со 18 поени, два помалку имаше Гил, додека Мекејден го заврши мечот со 15 поени. Хокинс и Парсонс со по 18 поени беа најефикасни во таборот на Тиквеш на овој натпревар.

Се вчитува...