ЖРК Вардар со тренерска смена: Новеска на местото на Платон

ЖРК Вардар донесе одлука за промени во стручниот штаб, па така „црвено-црните“ вечерва се заблагодарија на Анжела Платон, која го напушта кормилото заедно со Александра Кузмановска.

„Вардарки“ преку соопштение испратија благодарност за сработеното во изминатиот период, воедно обелоденувајќи дека улогата на нов тренер ќе припадне на поранешната македонска репрезентативка Даниела Вељаноска – Новеска.

ЖРК Вардар по 17 одиграни рунди во женската Супер-лига се наоѓа на четвртото место со 17 бода.

Се вчитува...