Скопје ќе биде домаќин на Европското првенство во мечување за ветерани 2027

Минатата недела во Скопје престојуваше Benoit Pincemaille, супревизор на Европската ветеранска федерација. Неговата посета беше со цел да изврши проценка дали Скопје и организациите ги исполнуваат условите за организација на Европското првенство во 2027 година.

По завршувањето на увидот, пристигна неговиот извештај во кој со највисоки оценки беа оценети условите и способноста на организаторите да го спроведат овој голем настан. Сега веќе е потврдено дека на Скопје ветерани МФФС му е доделена организација на поединечното Европско првенство во 2027 година од 6 до 9 мај во Спортскиот центар „Јане Сандански“. Се очекува првенството да собере околу 1.200 натпреварувачи од сите европски држави.

Натпреварувањето ќе се одржи во дисциплините меч, флорет и сабја, во машка и женска конкуренција.На досега одржаните првенства Македонија беше достойно претставувана од Александар Анастасов кој освојуваше 2 сребрени и 2 бронзени медали, и Зоран Стојановиќ, освојувач на еден бронзен медал. Анастасов воедно беше и светски првак во дисциплината сабја. За очекување е и следната година да се забележат значајни резултати.

Овој настан ќе ги стави Скопје и Македонија на европската мечувачка мапа. Во Скопје покрај натпреварувачите, ќе пристигнат и придружни членови кои, вообичаено, покрај мечувањето, сакаат да го искористат престојот и за уживање во локалните атракции.

М.М.

Се вчитува...