Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Ридигер, одговараше на прашања на новинарите пред реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити, кој ќе се игра вечерва од 21 часот.
Сепак, главната тема на конференцијата не беше дуелот со Сити, туку инцидентот од лигашкиот натпревар против Хетафе.
На таа средба пред две недели, германскиот репрезентативец го удри играчот на Хетафе, Диего Рико, со колено додека тој беше на земја. Фудбалерот на тимот од предградието на Мадрид тврдеше дека ударот бил намерен, на што Ридигер имаше подготвен одговор.
„Кога ќе го погледнете видеото во забавена снимка, изгледа грдо, не го негирам тоа. Но, јас не го убив, иако тој вели како да сум го убила. Нема потреба да се претерува. Ако навистина имав намера да го повредам, немаше да стане. Видовте дека после тоа тој трчаше нормално, а јас продолжив да играм. Тоа не беше прекршок за црвен картон. Не сакав да го повредам, само се борев и дадов се од себе. Неговите изјави се претерани“, рече Ридигер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

