Сопствениците на Њукасл Јунајтед ја разгледуваат опцијата тимот од Премиерлигата да добие кошаркарска секција, која би се натпреварувала во претстојниот проект НБА Европа.
По Пари Сен Жермен и Милан, уште еден фудбалски гигант сака да се приклучи на амбициозниот проект на НБА во Европа, со поддршка на саудиските инвеститори.
Како што објавува „The Athletic“, инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија, кој е сопственик на Њукасл Јунајтед, е подготвен да достави понуда за формирање нов тим со седиште во Лондон. Планот вклучува и изградба на модерна, најсовремена сала во британската престолнина.
Рокот за доставување обврзувачки понуди од сите заинтересирани инвеститори е 31 март, по што ќе биде појасно кој ќе добие можност да стане дел од новата лига што НБА ја развива во соработка со ФИБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

