„Дали Ѓоковиќ воопшто ќе игра на Ролан Гарос?“

Мартина Навратилова и Тим Хенман го коментираа повлекувањето на Новак Ѓоковиќ од Мајами. Ѓоковиќ објави дека се повлекува од овој Мастерс поради повреда на рамото.

„Времето прави хаос на турнирот и навистина е лошо што Новак, финалистот од минатата година и најголемиот, не може да игра. Не видовме ништо да се случи со неговото рамо во Индијан Велс, но топките во Мајами се потешки па можеби тоа е причината. Се надеваме дека сè ќе биде во ред и наскоро ќе го видиме повторно,“, изјави Навратилова. 

Од друга страна Хенман не беше изненаден од потегот на Новак.

„Не мислам дека е големо изненадување. Тој е многу селективен во врска со тоа каде игра. Ќе биде интересно да се види колку ќе игра на земјена подлога. Тоа е физички најнапорната подлога. Дали ќе игра пред Ролан Гарос? Дали воопшто ќе игра на Ролан Гарос? Дали ќе се фокусира само на трева? Којзнае“, рече Хенман.

Се вчитува...