Светската куќа на фудбалот ФИФА, нема намера да ги преместува натпреварите на репрезентацијата на Иран во Мексико. Оваа идеја ја дадоа токму од иранската фудбалска федерација како услов да настапат на престојниот Мундијал, кој се одржува во САД, Мексико и Канада.
Претседетелот на иранската фудбалска федерација објави дека организацијата преговара за префрлување на мечевите на Иран во Мексико.
Сепак, како што објавува реномираниот „Тајмс“, овој предлог не е разгледан од страна на ФИФА, и смета дека таквиот потег е „неизводлив“. Билетите за мечевите се веќе распродадени, и нивното преместување би влијаел и на другите репрезентации кои учествуваат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

