Легендарниот аргентински голман стави крај на кариерата

Поранешниот аргентински репрезентативен голман Серхио Ромеро, стави крај на својата кариера на 39 години. Аргентинецот во иднина ќе продолжи да работи во фудбалот како тренер.

Ромеро бранеше речиси две децении низ Европа и низ Јужна Америка. Најблескавите денови во кариерата ги доживеа како голман на Манчестер Јунајтед, а во 2014 година ја предводеше својата репрезентација до финалето на Светското првенство, кое го загуби од Германија со 1-0.

Ромеро играше во Аз Алкмар, Сампдорија, Монако, Манчестер Јунајтед, Венеција, Бока Јуниорс и Аргентинос Јуниорс. Одигра 96 натпревари за Аргентина.

Се вчитува...