Јувентус задоволен од тренерот: Спалети останува најмалку до 2027 година

Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, е блиску до потпишување на нов договор со тој фудбалски клуб до јуни 2027 година, објавија денес италијанските медиуми. Според извештаите, Спалети би можел да го продолжи договорот и за следната сезона, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Спалети го замени Игор Тудор на клупата кон крајот на октомври, кога тој потпиша договор до крајот на оваа сезона. Преговорите за нов договор започнаа пред неколку недели, а двете страни се блиску до договор. 

Јувентус е петти во Серија А со бод помалку од четвртопласираниот Комо, а Сплети има 16 победи во 29 натпревари. Од неговото доаѓање на 30 октомври, само Интер (50) и Милан (42) имаат освоено повеќе бодови од Јувентус (38) во Серија А.

Се вчитува...