Македонските меѓународни судии Елена Костадиновска, која е и претседател на судиската комисија во националната федерација, ја потврди и повторно се стекна со меѓународна А лиценца на првенството во Италија од каде нашите натпреварувачи за Македонија донесоа осум медали – четири злата, едно сребро и три бронзи.
Исто така и меѓународниот судија Никола Бубевски беше истакнат со пофалби за професионално и праведно судење и како награда се стекна со меѓународна Б лиценца.
„Ова е голем успех за македонските судии кои се исклучително високо рангирани во судискиот состав на WАКО организацијата, како за нив, така уште повеќе и за нас како федерација бидејќи ќе имаме поголемо влијание во судискиот систем на судење додека нашите натпреварувачи се натпреваруваат. Сега треба и да го пренесат стекнатото знаење и обучат што поголем број наши национални судии како би можеле во иднина да се вметнеме во што поголем број во судискиот состав на WАКО и имаме поголемо влијание за фер и праведно судење“ – порачаа од КМФМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

