ТФТ убедливо поразен на првиот дуел со Златибор

Македонскиот вицепрвак ТФТ не успеа да направи подвиг на првиот дуел од четвртфиналето во АБА2 лигата во кој тимот од скопско Тафталиџе за ривал го има српскиот претставник Златибор. Златибор влезе како втор носител во плејофот, ТФТ како седми, па јасно е дека српскиот тим ја има фаворитската улога во оваа четвртфинална серија што се игра до две победи, а српскиот состав ја има предноста на домашниот терен.

Избраниците на Боро Смилковски одиграа храбро, дадоа се од себе, но и тоа беше недоволно за вечерва да биде избегнат пораз, на крајот изразен со конечните убедливи 101-86. ТФТ одигра егал во првото полувреме, во кое српскиот претставник имаше предност од 50-44. Клучниот удар Златибор го зададе во третата четвртина што домаќините ја добија со 28-19, рутински одржувајќи ја предноста до конечните 101-86.

Ташовски со 18 поени беше прв стрелец на ТФТ, еден помалку реализираше Говенс, додека Гордон постигна 13 поени.

Вториот меч од оваа четвртфинална серија во кој домаќин ќе биде ТФТ е закажан за 24 март.

Се вчитува...