Реал Мадрид и со втора победа над Манчестер Сити, овој пат на гостувањето во Англија од 1-2, по оние 3-0 во Мадрид, се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
По мечот, на прес-конференцијата, еден од новинарите се интересираше дали натпреварите на Манчестер Сити против Реал Мадрид беа најголемите предизвици за Гвардиола досега во кариерата.
Секако, многумина очекуваа дека ова ќе следи потврден одговор бидејќи Реал Мадрид е еден од најголемите клубови во светот, но Гварадиола „ги помножи со нула“.
„Реал Мадрид не е и не може да биде мојот најголем предизвик. Мојот најголем предизвик беа Јирген Клоп и Ливерпул, но никој од вас никогаш не го видел тоа“, беше јасен Гвардиола.
Така Пеп го откри својот најголем ривал што го имал било кога како тренер на Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

