„Малку на светов има полоши луѓе од Мишко Ражнатовиќ“

Поранешниот директор на Партизан, Зоран Савиќ даде интересна изјава поврзана со состојбата на кошарката и односот со агентите.

Зоран Савиќ некогаш беше голема ѕвезда на европската кошарка и еден од најдобрите центри кој ги помина своите славни денови во Виртус Болоња, Барселона, Реал Мадрид, Ефес…, трикратен освојувач на Евролигата како играч (две со Југопластика и една титула со Виртус), а во 2021 година стана спортски директор на Партизан за да ги напушти црно-белите во 2025 година.

За време на неговиот мандат, односите со кошаркарскиот агент Миодраг Ражнатовиќ доста се оладија, имаше „војна“ околу Јама Мадар, па дури и одлуката на клубот да не соработува со Ражнатовиќ.

Контроверзниот агент го критикуваше Савиќ и рече дека не сака да разговара со него, а претседателот на клубот, Остоја Мијаиловиќ, даде слична изјава.

„Не е вистина дека не сакав да разговарам со Мишко Ражнатовиќ, бидејќи едноставно би разговарал и со полоши луѓе од Мишко Ражнатовиќ. Малкумина се такви полоши од него, но секако би разговарал ако тоа беше во корист на клубот. На Остоја му одговараше директно да разговара со Мишко. После тоа, го контактирав Мишко преку Јован (синот на Остоја) за некои играчи“, објасни Савиќ за Спорт Клуб, дополнувајќи околу односот со Миодраг Ражнатовиќ и играчите понудени на Партизан:

„Немам ништо против Мишко Ражнатовиќ. Но, апсолутно не ми се допаѓа начинот на кој комуницира, му праќа пораки на Баркокаш, му праќа пораки на Жељко преку весник… Очигледно не знае да комуницира. Ги зедовме неговите играчи, Аврамовиќ и Анѓушиќ, но тоа никогаш не му беше доволно. Велеше дека се однесувам кон него како кон мал српски агент, со оглед на тоа што научил да има некаков ВИП третман. Постојано му велев да ми каже кога сме ја зеле последната компензација од играч? Направи Мега за да може да заработува, и нас не нè гледаше како соработници, туку како ривал. Значи, Партизан и Ц. Звезда се негови ривали, а не негови соработници“, рече Зоран Савиќ.

Се вчитува...