Познатиот српски јутјубер Бака Прасе има намера да влезе во сопственичката структура на ФК Војводина од Нови Сад.
Според српските медиуми, јутјуберот чие вистинско име е Богдан Илиќ има намера да влезе во светот на фудбалот и да стане косопственик на поранешниот двократен шампион на Југославија.
„Војводина, всушност Драгољуб Збиљиќ, сака да го привазитира клубот. Луѓе, градиме Барселона во Србија, па да го доведеме Меси“, изјави Богдан Илиќ.
Потоа додаде дека идејата за влегување во сопственичката структура на клубот можеби не е толку далеку од реалноста.
„Дали треба да купам дел од Војводина? Што е најдобро, навистина би можел да купам дел. Немам пари за 50 проценти, но секако можам да купам дел“, додаде тој.
Во последните месеци, јутјуберот се изјасни како навивач на Војводина и редовно ги посетува натпреварите на клубот, па дури и склучи соработка со клубот од Нови Сад, што резултираше со раст.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

