Каспер Шмајхел завршува со фудбалот!?

Данскиот голман Каспер Шмајхел призна дека сериозната повреда на рамото би можела да значеше крај на неговата играчка кариера. Голманот на Селтик играше со болки веќе некое време, откако го повреди левото рамо играјќи за Данска минатата година, а неговата состојба се влоши минатиот месец на натпреварот против Штутгарт.

Тој ги пропушти последните пет натпревари за тимот на Мартин О’Нил поради повреда, а во понеделник, откако беше прегледан од специјалист, дозна за сериозната дијагноза. Тој нема да брани ниту на баражот против Македонија. 

„Се соочувам со две операции на рамото. Ги скинав бицепсите, ротаторната манжетна, го изместив рамото и го оштетив лабрумот. Сè исчезна. Изгледа дека се соочувам со 10 до 12 месеци рехабилитација. Помислата дека е готово е поразителна.“

Данецот е свесен дека ова може да биде неговото збогување со професионалниот фудбал.

„Не знаете како да реагирате на ова. Можно е да го одиграв мојот последен натпревар. Фудбалер сум онолку долго колку што знам за себе. Самата помисла на тоа е поразителна. Сето тоа ми е многу, многу тешко да го прифатам во моментов“, рече 39-годишникот.

Се вчитува...