Баерн нема да ризикува: 16-годишниот голман, сепак, ќе почне од клупата

Екипата на Баерн Минхен остана без сите голмани пред реванш пресметката против Аталанта во Лигата на шампионите, па 16-годишникот Леонард Прескот се споменуваше како најсериозен кандидат да застане меѓу диреците.

Мануел Нојер, Јонас Урбиг, Свен Улрајх и Леон Кланац се најдоа на листата на повредени, па „Баварците“ мораа да викаат „на помош“ чувар на мрежата од младинските категории.

Сепак, последните информации се дека Јонас Урбиг ги поминал сите медицински тестови, и доби дозвола да застане меѓу диреците вечерва. Тој имаше потрес на мозокот на претходниот меч со Аталанта, додека Улрајх, кој се повреди на дуелот со Баер Леверкузен, исто така ќе биде на клупата, како и Прескот.

Во меѓувреме, Прескот ги доби сите дозволи за настап, па тој ќе биде меѓу резервите вечерва.

Баерн Минхен има предност од 6-1 по првиот меч.

Се вчитува...