Јанис повторно паузира поради повреда

Ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо, ќе отсуствува најмалку една недела поради повреда на левото колено, објави ESPN. Гркот се повреди пред три дена во натпреварот против Индијана (134:123) кога незгодно слета по забивање и го повреди левото колено.

Милвоки објави дека на грчкиот кошаркар му е дијагностицирана хиперекстензија и модринка. Адетокумбо досега оваа сезона во НБА има просек од 27,6 поени, 9,8 скока и 5,4 асистенции по натпревар.

Тренерот на Милвоки, Док Риверс, одби да одговори на прашањето колку долго Адетокумбо ќе отсуствува по натпреварот против Кливленд (116:123) .

Кошаркарите на Милвоки се наоѓаат на 11-то место на табелата во Источната конференција на НБА со 28 победи и 40 порази.

Се вчитува...