Никогаш здодевно: Барса го преслуша Њукасл за четвртфинале во ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона се пласираа во четвртфиналето во Лигата на шампиони откако вечерва во реваншот на домашен терен славеа против Њукасл со 7-2. Откако првиот натпревар на северот на Англија заврши 1-1, Барса во второто полувреме вечерва ги разреши сите дилеми околу победникот.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Рафиња уште во 6. минута од мечот. Гостите израмнија на 1-1 преку Еланга во 15. минута. Бернал стрелаше за 2-1 во 18. минута, додека 2-2 беше со вториот гол на Еланга во 28. минута. До крајот на првиот дел ново водство за Каталонците донесе Јамал од пенал во судиското надополнување (3-2).

Избраниците на Ханси Флик фуриозно го отворија второто полувреме. Со головите на Фермин и Левандовски на двапати до 61. минута веќе беше 6-2. Конечните 7-2 беа дело на Рафиња во 72. минута.

Barcelona [7] – 2 Newcastle – Raphinha 72'
byu/ayoefico insoccer

Се вчитува...