Ливерпул со лекција за Галатасарај, Чоло издржа со Тотенхем, Баерн рутински до четвртфинале (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во четвртфиналето во Лигата на шампионите откако вечерва ја анулираа негативата од првиот натпревар од 0-1 против Галатасарај славејќи на домашен терен со убедливи 4-0.

Домаќините поведоа со голот на Доминик Собослаи во 25. минута со 1-0. До крајот на првиот дел Салах промаши пенал во судиското надополнување. На стартот на вториот дел на 2-0 зголеми Екитике во 52. минута. Само минута подоцна беше и 3-0 со голот на Гравенберх. Конечните 4-0 ги постави Мохамед Салах со прекрасен гол во 62. минута.

Liverpool [4] – 0 Galatasaray – Mohamed Salah 62‎'‎ great goal
byu/gbogaz insoccer

 

Атлетико Мадрид ја задржа позитивата од 5-2 од првиот меч откако загуби само со 3-2 на гостувањето кај Тотенхем. Коло Муани и Чави Симонс двапати беа стрелци за домаќинот, додека за гостите стрелаа Хулијан Алаварез и Давид Ханко.

Tottenham 2 – [2] Atletico Madrid [4-7 on agg.] – Dávid Hancko 75'
byu/ayoefico insoccer

 

Баерн Минхен славеше и на реваншот против Аталанта со 4-1. Стрелци на головите за Баварците беа Кејн на двапати Карл и Луис Дијаз, додека единствениот гол за гостинот од Бергамо го постигна Самарџиќ.

Bayern [4]-0 Atalanta – Luis Diaz 70'
byu/977x insoccer

Се вчитува...