Лос Анџелес Лејкерс се зацврсти на третото место во Западната конференција откако „езерџиите“ ја забележааа седмата победа во низа, втора во последните три дена над директниот ривал Хјустон роктс. Откако пред неколку дена славеа дома против „ракетите“, кошаркарите на ЛА Лејкерс вечерва го натераа Хјустон на капитулација и среде Тексас славејќи со 116-124.
Во главна улога – Лука Дончиќ, Словенецот ја продолжи серијата неверојатни настапи реализирајќи 40 поени, надополнети со девет скока и 10 асистенции. За Дончиќ ова беше 12. меч сезонава со 40+ поени, најмногу во лигата сезонава, Леброн исто така беше на ниво реализирајќи 30 поени, додека кај Хјустон најефикасен беше Шенгун со дабл-дабл од 29 поени и 10 скокови.
Денвер загуби со 125-118 на гостувањето против Мемфис со 125-118, мечот што го одбележа неочекуваниот слаб настап на Никола Јокиќ, српскиот центар на крајот стигна до 29 поени и 14 скокови, но имаше и дури 10 загубени топки, неочекувано за еден од најдобрите кошаркари на денешницата.
Џером со 21 и Проспер со 19 поени беа најефикасни во таборот на Мемфис.
Резултати НБА:
Бостон – Голден Стејт 120-99, Бруклин – Оклахома 92-121, Индијана – Портланд 119-127, Чикаго – Торонто 109-139, Минесота – Јута 147-111, Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 124-109, Далас – Атланта 120-135, Мемфис – Денвер 125-118, Хјустон – ЛА Лејкерс 116-124.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

