Барселона го декласираше Њукасл и со стил стигна до билет за четвртфиналето во Лигата на Шампионите, а тренерот Ханси Флик по мечот говореше со максимални комплименти за Роберт Левандовски.
Полскиот ас е влезен во последните месеци од договорот со Барса, медиумите се почесто го напаѓаат поради проманливите игри, но Флик останува на ставот дека тој е главниот класичен напаѓач во таборот на каталонскиот гигант.
„Велите дека Левандовски е „готов“, дека треба да оди во пензија… Јас велам дека тој се уште е еден од најдобрите напаѓачи во светскиот фудбал. Видовте што стори денеска, рутински даде два гола, во нокаут фазата од Лигата на Шампионите… Ние сме среќни што Роберт е дел од нашиот тим и сигурно ќе даде огромен придонес во остварувањето на зацртаните цели за наредниот период“, истакна Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

