Барселона ја демонстрираше својата моќ со преубедливиот триумф над Њукасл и пласманот во четвртфиналето од Лигата на Шампионите, но тренерот Ханси Флик има две причини за загриженост, откако мораше да направи две принудни замени на овој натпревар.
Ерик Гарсија стартуваше на десен бек во отсуство на Кунде, но шпанскиот репрезентативец се пожали на болка во мускулот и беше ззаменет со Араухо по само дваесет минути игра. За проблемите да се поголеми, во второто полувреме се повреди и стартниот голман Жоан Гарсија, на чие место мораше да влезе Шчесни.
Првичните прогнози се дека повредите не се премногу сериозни и паузата ќе изнесува две до три седмици.
Ова би значело дека двајцата првотимци нема да настапат викендов против Рајо Валјекано, но доколку нема компликации би требало да се вратат во тимот веднаш по репрезентативната пауза и да бидат на располагање на Флик за двомечот од четвртфиналето на ЛШ против Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

