Џерард жестоко: Срамота… дојдоа да лежат на терен… требаше да примат 12 гола

Ливерпул одигра перфектен натпревар и со убедливи 4-0 го совлада Галатасарај на синоќешниот реванш, пласирајќи се во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.

Легендата на „црвените“, Стивен Џерард, не го криеше разочарувањето од односот на турските фудбалери од првата минута на овој меч, потенцирајќи дека убедливиот пораз е апсолутно заслужен.

„Луѓето дојдоа на стадион за да гледаат врвен фудбал во Лигата на Шампионите, а фудбалерите на Галата дојда на Енфилд за да лежат на теренот. Беше за срамота, од почеток до крај, навистина патетично. Имаше повреди, но имаше и играчи кои не беа ни допрени, а се превртуваа по теренот. Кога ќе играте така, логично е да бидете казнети. Ливерпул беше одличен и заслужено победи, ако ме прашувате мене требаше да заврши 12-0, тоа да биде вистинската казна за пристапот на Галата на овој реванш“, прокоментира Џерард, кој ја имаше улогата на стручен аналитичар на овој натпревар.

Се вчитува...