Првиот човек на иранската федерација: Го бојкотираме САД, а не Мундијалот!

Првиот човек на иранскиот фудбал, Мехди Таџ, зборуваше за сè почестите гласини дека селекцијата би можела да го пропушти претстојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико.

Ваквите најави, секако, не се без основа бидејќи земјата која, заедно со Израел, од крајот на февруари испукува ракети кон Иран е домаќин на Светското првенство.

Оттука, досега можеа да се слушнат пораки за бојкот на Светското првенство од страна на Иран, честопати контрадикторни, но ниту еден функционер на Иранската фудбалска федерација никогаш не бил експлицитен и категоричен во својот став за целосен бојкот.

Во врска со учеството на тимот во САД, Канада и Мексико, Мехди Таџ е јасен.

„Ги бојкотираме САД, не го бојкотираме Светското првенство“, изјави Таџ, не прецизирајќи дали тоа значи дека Федерацијата ќе побара од тимот да ги игра сите натпревари надвор од САД, во другите две земји ко-организатори.

Се вчитува...