Бранителот на титулата Наковски Волеј ќе се соочи со Младост УГД во полуфиналето од Купот на ОФМ 2026 во женска конкуренција, додека дебитантите Газели Волеј и Вардар ЕМ ќе ја сочинуваат другата полуфинална двојка.
Во машка конкуренција ланските финалисти Штип УГД и Струмица 47&72 ќе имаат директен дуел во првиот полуфинален меч од финалниот турнир од Купот на ОФМ кај мажите. ГОК Борец и Работнички 71&22 ќе играат во вториот полуфинален натпревар.
Вака одлучи денешната ждрепка, која во присуство на претставниците на клубовите кои учествуваат на завршниот турнир се одржа денеска во хотел „Континентал“ во Скопје.
Тридневната куп-програма во СЦ “Јане Сандански“ во Скопје започнува со женските полуфинални дуели, кои се играат во четврток 26 март, каде во првото полуфинале од 17:30 часот играат Газели Волеј и Вардар ЕМ, додека од 19:30 часот ќе се игра дуелот кој ќе претставува „финале пред финалето“ меѓу Наковски Волеј и Младост УГД.
Ден подоцна, 27 март, во првиот полуфинален натпревар од 17:30 часот играат ланските финалисти Штип УГД и Струмица 47&72, додека во вториот меч од 19:30 часот ќе се соочат ГОК Борец и Работнички 71&22.
Победниците од овие натпревари на 28 март (сабота) ќе играат за куп-титулата. Финалето во женска конкуренција е закажано за 17:30 часот, додека традиционално машкото финале, од 19:30 часот, ќе го затворат финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026.
КУП НА ОФМ 2026
ПОЛУФИНАЛЕ ЖЕНИ (26.03.2026)
17:30ч. Газели Волеј – Вардар ЕМ
19:30ч. Наковски Волеј – Младост УГД
ПОЛУФИНАЛЕ МАЖИ (27.03.2026)
17:30ч. Штип УГД – Струмица 47&72
19:30ч. ГОК Борец – Работнички 71&22
ФИНАЛЕН ДЕН
17:30ч. ФИНАЛЕ ЖЕНИ
19:30ч. ФИНАЛЕ МАЖИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

