Реал Мадрид без Куртоа против Баерн Минхен

Тибо Куртоа претрпе сериозна повреда и ќе ги пропушти четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

Првиот голман на Реал Мадрид беше заменет на полувремето во реваншот против Манчестер Сити поради повреда на мускулот на десниот квадрицепс , потврди клубот.

Според најновите информации од Реал Мадрид, Куртоа ќе отсуствува околу шест недели, што значи дека речиси сигурно ќе го пропушти двомечот со Баерн во четвртфиналето. Некои извори велат дека би можел да се врати дури во мај, што е тежок удар за кралевите во клучната фаза од сезоната.

Андриј Лунин ќе биде прв избор на голот во меѓувреме.

Се вчитува...