Катастрофални вести за Косово пред историскиот бараж за СП 2026

На 26 март, фудбалската репрезентација на Косово ја очекува историски натпревар од плејофот за пласман на Светското првенство 2026, против селекцијата на Словачка.

Доколку ги поминат Словаците во финалето од плејофот, ќе бидат домаќини на подобриот тим од дуелот меѓу Турција и Романија.

Ова е историски момент за Косово бидејќи за прв пат од независноста стигнаа до баражот за големо натпреварување.

Сепак, најлошите можни вести за Косоварите пристигнаа од Германија.

Една од најголемите ѕвезди на репрезентацијата и член на Хофенхајм, 22-годишниот Леон Авдулаху, заработи повреда на мускулот за време на последниот тренинг.

По дополнителните прегледи, беше утврдено дека Авдулаху мора да паузира неколку недели.

Огромен удар за оваа репрезентација, ако се знае дека Авдулаху е една од најголемите ѕвезди, со вредност од 17 милиони евра. Тој е играч од средниот ред, а минатата година одлучи да игра за Косово.

Претходно мина низ сите младински селекции на Швајцарија, но на крајот се одлучи за Косово, што многумина ги израдува. Досега има пет настапи за репрезентацијата на Косово.

Се вчитува...