БУНТ ВО ИЗРАЕЛ: Кошаркарите на сакаат да играат во Европа

Организацијата на кошаркари во Израел остро се спротивстави на идејата сезоната да се заврши во „балон“ надвор од земјата, и покрај обидите на тамошната лига да најде решение по прекинот на натпреварувањето поради конфликтот со Иран.

Управата на лигата ја разгледа можноста за преместување на натпреварите во странство со цел да се заврши сезоната, но играчите јасно ставија до знаење дека таквото сценарио не е прифатливо.

„Исто како што беше кажано дека можеме да продолжиме без некои странски играчи, така можеме да се вратиме и да играме во Израел без странци“, соопшти организацијата на играчи.

Организацијата истакнува дека во моментов постојат услови за продолжување на натпреварувањето во земјата.

„Според нашите сознанија, речиси сите сали ги исполнуваат безбедносните барања, вклучувајќи заштитени подрачја и засолништа. Исто така, постои преседан дека израелската кошарка се играла и претходно во услови на тревога и сложени безбедносни ситуации, вклучително и во последните години“, беше објавено.

Затоа, организацијата на играчи го задржува ставот дека сезоната не смее да заврши во странство, туку дека натпреварувањето треба да продолжи дома, со соодветни безбедносни мерки.

Се вчитува...