Партизан влезе во форма – го освои и Париз

Кошаркарите на Партизан дојдоа до третата победа по ред во Евролигата, откако вечерва го победија Париз и тоа на гостински терен со 81-90. Сепак, се чини дека на крајот и двата тима нема да успеат да се пласираат меѓу првите 10 места, кои носат во следната фаза.

Париз ја доби првата четвртина, но потоа потклекна во следните две кога Партизан го направи пресвртот, и водството го задржа до крајот на мечот.

Хифи беше најефикасен кошаркар на мечот со 23 поени, но ја немаше поддршката од неговите соиграчи. Браун кај Партизан уфрли 17 поени.

Се вчитува...