Бетис, Астон Вила, Порто се пласираа во 1/4 финалето во Лигата на Европа, откако вечерва обезбедија победи над своите ривали, и така им се приклучија на Нотингем Форест, Фрајбург, Селта Виго и Брага меѓу најдобрите осум. Во Рим ќе одлучуваат продолженијата, и евентуално пеналите, откако Рома и Болоња и на вториот меч одиграа нерешено.
Екипата на Бетис на домашен терен го совлада Панатинаикос со убедливи 4-0, и така обезбеди пласман во 1/4 финалето во Лигата на Европа. Шпанскиот тим имаше негатива по првиот меч во Атина од 1-0, но на ревнашот го покажа целиот свој квалитет, и така се избори за учество меѓу најдобрите осум тима.
Рубал, Амрабат, Хернандез и Ентони беа творци на победата над грчкиот тим, и уште во 66. минута поведоа со 4-0, со што тимот од соседството не успеа да се врати во игра и не направи чудо.
Порто исто така анулираше предност на Штутгарг од првиот меч. Германската екипа на свој терен триумфираше 2-1, но на реваншот во Порто загуби со 2-0, и така португалскиот гигант оди понатаму. Стрелци на головите беа Вилијам Гомеш и Фрохолд.
Астон Вила после победата во првиот меч над Лил, триумфираше и на реваншот со 2-0 со головите на МекГин и Бејли.
Во Рим на мечот помеѓу Рома и Болоња, гостите имаа предност од 1-3, но Рома на крајот успеа да израмни, и таму ќе се играат продолженија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

