Дончиќ-шоу: Сите 60 поени на Лука во мечот за паметење (видео)

Лука Дончиќ продолжи со неверојатните изданија во дресот на ЛА Лејкерс откако Словенецот го одигра својот најдобар меч по трансферот од Далас, постигнувајќи 60 поени во пресметката со Мајами.

Дончиќ стана прв играч по легендарниот Коби Брајант со 60 постигнати поени како член на лејкерси, уште еднаш покажувајќи дека целосно ја презема лидерската улога во тимот од Леброн Џејмс, кој летово ќе си замине од таборот на „езерџиите“.

Уживајте во големото „Дончиќ шоу“… како изгледаше симултанката на Лука против Мајами…

Се вчитува...