Рони О’Саливен испиша неверојатна страница во историјата на снукерот откако го оствари најголемиот брејк на сите времиња – со 153 поени од едно застанување крај масата.
Добро познато е дека максималниот брејк во снукерот изнесува 143, но О’Саливен ја надмина оваа бројка благодарение на својот противник Рајан Деј, кој при еден обид на самиот почеток остави „слободна топка“ на масата.
Ова му овозможи на Рони да ја искористи зелената како слободна, почна со 8 поени пред да почне со „чистење“ на црвените и стигнување до неверојатниот рекорд.
Погледнете како се испишуваше снукер-историјата на Светското првенство во Кина.
Ronnie O’Sullivan’s historic 153 break! The highest ever in snooker history 🤯pic.twitter.com/8XwxGWV8EB
— Chris Hammer (@ChrisHammer180) March 20, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

