Јован Стојоски го освои 24. место во своајта трка на СП во атлетика во сала, што се одржува во полскиот град Торун каде токму Стојоски беше единствен претставник на македонската атлетика.
Тој учествуваше во дисциплината 400 метри како дел од шестата квалификациска тргка, при што ја истрча делницата за 47,93 секунди, најдобар резултат на македонскиот атлетичар оваа година.
Ова време беше доволно за 24. место на Стојоски во генералниот пласман во оваа дисциплина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

