Џенаро Гатузо го објави поширокиот список од 28 фудбалери кои ќе бидат во комбинација за настап на претстојните бараж за дуели за пласман на СП 2026.
„Аѕурите“ се без учество на последните два мундијали и повторување на тој неуспех би бил историски фијаско, што го прави притисоко врз Гатузо уште поголем. Згора на тоа, селекторот не може да смета на пет фудбалери кои беа дел од неговите претходни списоци, и тоа дефанзивците Габија и Ди Лоренцо, фудбалерите за врска Закањи и Верати, како и голманот на Тотенхем, Викарио.
Добра вест за Италија е што Сандро Тонали е на списокот на Гатузо и покрај последната повреда во дресот на Њукасл, што значи дека клучниот организатор на играта на „аѕурите“ се уште има шанси за настап во овие бараж пресметки.
Италијанците во полуфиналето од својата бараж-група ќе ја пречекаат Северна Ирска, а доколку победат на овој меч, во клучната пресметка за овој дуел ќе играат со подобриот од мечот Велс – БиХ.
📋💙 La lista dei 28 convocati del Ct Gennaro Gattuso per i Playoff di qualificazione alla Coppa del Mondo FIFA 2026 🙌🏻 #Nazionale 🇮🇹 #Azzurri #VivoAzzurro pic.twitter.com/MXPM1XLX1W
— Nazionale Italiana ⭐️⭐️⭐️⭐️ (@Azzurri) March 20, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

