Непријатна вест стигна од српската репрезентација за ракометниот клуб Вардар. Десното крило Вукашин Воркапиќ, едно од најновите и најважни засилувања на црвено-црните сезонава, се повреди додека играше за националниот тим на Србија.
Повредата се случи за време на бараж натпреварот против Литавнија кој Србите го добија убедливо. Според првите информации од таборот на Србија станува збор за повреда на тетивата.
„Тетивата ми е воспалена, но не е ништо сериозно“, рече Воркапиќ.
Воркапиќ, кој во февруари 2026 пристигна во Вардар од Војводина, брзо се наметна како клучен играч на десно крило.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

