Во 94 година од животот денеска почина Михаил Мишевски – Микле, долгогодишен генерален секретар на Сојузот за физичка култура на Македонија.
Во младите години Мишевски, како спортист, беше активен гимнастичар, за да потоа во професионалната кариера помагаше во сите спортови, но најмногу беше инволвиран во борењето во кое даде голем придонес за постигнатите врвни резултати на македонските борачи на крајот од минатиот век.
Мишевски беше еден од најангажираните и во организацијата на Светското првенство во 1981 година.
Посмртните останки ќе бидат изложени во Капелата Бутел, на 21. март (сабота), во 10:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

