ФИФА го казни Израел поради дискриминација кон Палестина

Дисциплинскиот комитет на ФИФА одлучи да го казни Израелскиот фудбалски сојуз по истрагата за наводите за дискриминација што претходно ги поднесе Палестинскиот фудбалски сојуз.

Постапката беше покрената по 74-от Конгрес на ФИФА, кога Советот на ФИФА му наложи на Дисциплинскиот комитет да го истражи случајот. По анализата, беше утврдено дека израелскиот сојуз прекршил неколку обврски како член на оваа светска организација.

Поради прекршување на членовите 13 (навредувачко однесување и кршење на принципите на фер-плеј) и 15 (дискриминација и расистичко однесување) од Дисциплинските прописи на ФИФА, беа изречени следните казни:

  • глоба од 150.000 швајцарски франци
  • официјална опомена за однесување
  • задолжителни мерки и план за превенција

Се вчитува...