Дурент и Шенгун ја прекинаа победничката серија на Атланта (ВИДЕО)

Хјустон Рокетс ги победија Атланта Хокс со 117:95, прекинувајќи ја серијата од 11 победи. Кевин Дурант беше најефикасен играч во победничкиот тим со 25 поени и шест асистенции, додека Џабари Смит Џуниор додаде 23. Алперен Шенгун имаше 15 поени, 10 асистенции и девет скока.

Најдобар играч за Атланта беше Никаил Александар-Вокер со 21 поен. Си Џеј Меколум постигна 17 поени, а Закари Ризаша имаше 16 поени.

Хјустон имаше подобар процент на шут од поле (51% наспроти 42%) и процент на шут за три поени (47% наспроти 26%). Доминираше и во скоковите (51:37) и оствари клучна предност во третата четвртина, која ја доби со резултат 39:22.

И покрај поразот, Атланта ја задржа својата позиција во трката за плејофот, додека Хјустон ја прекина серијата слаби резултати (4-6 во претходните 10 натпревари).

Оњека Оконгву запиша три асистенции и стигна до 600-тата асистенција во својата кариера, додека во просек има 3,2 асистенции по натпревар оваа сезона, што е негов најдобар учинок во кариерата.

НБА, РЕЗУЛТАТИ: 

Бруклин – Њујорк 92:93

Детроит – Голден Стејт 115:101

Хјустон – Атланта 117:95

Мемфис – Бостон 112:117

Минесота – Портланд 104:108

Денвер – Торонто 121:115

Се вчитува...