Актуелниот светски првак Аргентина, ќе игра пријателски натпревар пред Светското првенство против Мавританија и Замбија.
Аргентина требаше да игра на „Финалисима“ против Шпанија во Катар, но мечот беше откажан поради конфликтот на Блискиот Исток.
„Аргентинската репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Мавританија, каде што ќе се збогува со своите навивачи пред да тргне да ја одбрани титулата на Светското првенство“, соопшти Аргентиската фудбалска асоцијација АФА.
Натпреварите ќе се играат на стадионот „Ла Бомбонера“ на Бока Јуниорс на 27 и 31 март.
Мавританија требаше да игра против Палестина во Мароко, но и тој натпревар беше откажан поради конфликтот. Тоа ќе биде трет последователен натпревар на Аргентина против африканска репрезентација, по победата од 2-0 во Ангола во ноември. Аргентина планираше пријателски натпревар против Гватемала на 31 март, но тој натпревар беше откажан откако не доби одобрение од ФИФА, бидејќи Гватемала веќе требаше да игра против Алжир во Италија.
Меси и дружината на Светското првенство ќе ја почнат одбраната на титулата во групата со Алжир, Австрија и Јордан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

