Светскиот рекет број 1 во женски тенис Арина Сабаленка, изјави дека не е сигурна дали сака повторно да игра во Дубаи, откако директорот на турнирот Салах Талак јавно ја критикуваше неа и Ига Швјонтек за откажување од февруарското издание на натпреварувањето.
Потоа Талак истакна дека причините што ги дадоа играчите не се убедливи и предложи построги казни, вклучително и одземање на бодови, што предизвика остра реакција од Сабаленка.
„Премногу е за мене. После вакви коментари, не сум сигурна дали сакам да се вратам таму“, рече Сабаленка.
Директорот на турнирот, за потсетување, изјави дека е изненаден од повлекувањето на двете тенисерки, посочувајќи дека Швјонтек се пожалила на ментална неподготвеност, додека Сабаленка споменала полесна повреда, и дека треба да добијат построги казни.
Сабаленка, пак, врати со тоа што кажа дека таквиот пристап покажува подлабок проблем во односот меѓу турнирот и играчите.
„Тажно е што турнирите не ги штитат играчите. Тие се заинтересирани само за продажба и организација, а не за нашата состојба“, изјави Сабаленка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

