Екипата на Борусија Дортмунд, го продолжи договорот со својот капитен Емре Џан до 2027 година. Актуелниот договор на дефанзивецот истекуваше на крајот на сезоната, а раководството се одлучи истиот да го продолжи на уште една сезона.
Џан во моментов е на рехабилитација од повреда, поради која ќе паузира до крајот на сезоната, и нема да биде во составот на Германија за Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
32-годишниот фудбалер дојде во Дортмунд во 2020 година, најпрво една полусезона како позајмен, а потоа и целосно откупен од Јувентус. Во минатото Џан беше дел и од Ливерпул, Баер Леверкузен и од младинските категории на Баерн Минхен.
Претходно беше објавено дека Борусија на крајот од сезоната ќе ја напуштат Јулијан Бранд, Никлас Зиле и Салих Озчан, чии договори истекуваат на лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

