Фудбалската федерација на Македонија денеска во хотелот Хилтон во Скопје го одржа Редовното Генерално Собрание на ФФМ.
На Собранието беа присутни 61 делегат од вкупно 65 делегати, со што Собранието полноправно одлучуваше.
Меѓу останатите точки на дневниот ред, Собранието ги потврди суспензиите на ОФС Охрид и ОФС Кичево од две години, донесени претходно од УО на ФФМ, за нарушување на одредбите од Статутот на Собранието на ФФМ, и нарушување на единството и интегритетот на фудбалската игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

