„Врие“ во Рома, некој ќе мора да си оди – Гасперини или Раниери!?

Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини се наоѓа под се поголем притисок откако неговиот тим беше елиминиран од Лигата на Европа од Болоња, но и поради лошите резултати во Серија „А“.

Според наводите на медиумите во Италија, во петокот бил одржан итен состанок во кој, покрај Гасперини, учествуваа и потпретседателот на клубот Рајан Фридкин, спортскиот директор Фредерик Масара и советникот Клаудио Раниери.

Медиумите објавуваат дека Гасперини не е задоволен од трансфер периодот што го спроведе Масара, додека Раниери со месеци се обидува да посредува меѓу тренерот и спортскиот директор.

Рома, и покрај добриот почеток на сезоната, забележа вкупно 14 порази во сите натпреварувања, тимот беше елиминиран од Лигата на Европа, а во Серија А моментално го зазема шестото место на табелата, три бода зад четвртопласираната Кома.

Извори блиски до клубот наведуваат дека промените се сигурни пред сезоната 2026/27 и дека се очекува еден од тројцата клучни луѓе – Гасперини, Масара или Раниери – да си замине.

Во меѓувреме, приоритет останува пласманот во Лигата на шампионите, што е од големо значење за финансиската стабилност на клубот. 

Се вчитува...