Вардар по првите 45. минути губат од Арсими со 1-0, со голот на Гони во последните мигови од првото полувреме.
Иако ја имаше иницијативата, сепак, Арсими ги имаше најдобрите шанси. Најпрво Гафури од идеална позиција, меѓутоа шутираше само крај голот.
А потоа во 44. минута од десната страна топка доби Гони кој од 7-8 метри ја спроведе топката во мрежата на немоќниот Талески.
Во Ѓорче Петров немаше голови по првиот дел, иако имаше шанси. Николиќ имаше добра прилика за домашните, но Гаје од под пречката ја извади топката, а потоа две добри прилики за Шкендија преку Спахиу, но во првиот обид шутираше непрецизно, а во вториот Јанков одлично интервенираше.
Шкендија постигна гол претходно, но истиот беше поништен поради офсајд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

