Собранието на ФФМ на денешната своја годишна седница, меѓу бројните одлуки, едногласно ги усвои извештаите за работа на претседателот на ФФМ и на Управниот одбор за изминатата година, извештајот на Надзорниот одбор на ФФМ како и извештаите на правните органи и лиценцните тела за 2025 година.
Но, беше усвоен и извештајот од администрацијата на ФФМ за исполнување на Стратегискиот план 2021-2025 кој го презентираше генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски.
„Изминатата година беше значаен период за Фудбалската федерација на Македонија. Година на работа, јасна насока и конкретни чекори кон исполнување на нашата визија. Сите активности ги реализиравме согласно трите клучни стратешки документи: Генералната стратегија, стратегијата за женски фудбал и стратегијата за општествена одржливост. Фокусот беше јасен, инфраструктура, млади, женски фудбал и општествена одговорност. Тоа се темелите врз кои се гради стабилен систем“ – рече Јандреоски, и дополни:
„Нашата работа се темели на вредности што не се декларативни, туку применети. Транспарентност, професионалност, инклузивност и континуиран развој. Овој процес не е индивидуален. Тој е заеднички. Клубовите, тренерите, играчите, институциите и партнерите, сите имаат свој удел во напредокот што го постигнавме. И покрај предизвиците, останавме фокусирани и дисциплинирани. Не баравме изговори, баравме решенија. И тие резултати денес се видливи. Транспарентноста и довербата не се избор, тие се предуслов за стабилен систем. Без нив нема напредок. Доброто управување е основата на сè што го правиме. Во изминатиот период воведовме системски пристап, редовни евалуации, усогласување со највисоките стандарди и директна соработка со УЕФА и ФИФА. Ја зајакнавме административната структура и започнавме суштинска реформа на Статутот, процес воден заедно со УЕФА и ФИФА, со јасна цел: модерен, функционален и одговорен систем“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

