Екипата на Гетафе славеше триумф на гостувањето кај Еспањол, и ја продолжи кризата на тимот од Барселона, која тоне се подлабоко на табелата, додека Гетафе се стави во позиција да се бори за место во Европа до крајот на сезоната.
Гостинскиот тим имаше „помош“ и од ВАР технологијата, со оглед дека на Еспањол при 0-0 му беа поништени два гола. А, потоа во судиското надополнување два гола за гостите.
Дуарте во третата минута од судиското продолжение, и Арамбари четири минути подоцна се погрижија за 0-2.
Еспањол преку Жаен Фернандез успеа да намали, но тоа беше се што успеа да стори, не и да го избегне поразот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

