Страшна „бомба“ на Павловиќ, Милан не се откажува од трката за Скудетото (ВИДЕО)

Милан со 3-2 го совлада тимот на Торино, и ја продолжи надежта дека може да дојде до Скудетото пред нивниот градски ривал Интер.

„Росонерите“ поведоа со прераксен гол на Страхиња Павловиќ. Србинот ја зафати топката до 20 метри и од пречката таа заврши во мрежата на гостите од Торино.

Џовани Симеоне успеа да израмни во 44. минута од средбата, и на полувреме се замина со нерешен резултат.

Но. Милан се разбуди во вториот дел, па преку Рабио и Фофана дојде до предност од 3-1, која успеа да ја намали Влашиќ од пенал на осум минути пред крајот на средбата.

Се вчитува...