Борусија Дортмунд со три пенали се врати од бездната против Хамбургер (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд се врати од 0-2 до триумф над Хамбургер на домашен терен, благодарение на досудените пенали во финишот од средбата. Хамбургер пропушти голема шанса да дојде до голема победа на жешкото гостување на „Сигнал Идуна“, но на крајот мораше да се помири со поразот.

Отеле во 19. минута, и Локонга во 38. минута ги искористија големите грешки во одбраната на Борусија, за да поведат на ова гостување.

Првиот досуден пенал за Борусија беше во 45. минута, но Нмеча го промаши целиот гол.

Во вториот дел целосен пресврт кој го почна резервистот Бенсебаини од вториот досуден пенал за Борусија во 73. минута. Во 78. минута Гираси успеа да израмни, а во 84. минута Бенсебаини одново прецизен од белата точка за конечен триумф на тимот од Дортмунд.

Се вчитува...