Хорор пад од ски-скокалницата во Викерсунд: Се вртеше без контрола и падна на глава (ВИДЕО)

Штефан Ембахер успеа да победи со скокови од 232 и 225 метри на првиот ден од скијачките скокови во Викерсунд пред Томофуми Наито и домаќинот Јохан Андре Форфанг. Младиот Исак Лангмо беше четврти пред петтопласираниот шампион Домен Превц , кој со овој резултат помина 2.000 поени во сезоната.

Сепак, сето тоа ќе остане во сенка на падот на Андреа Кампрегер кој имаше хорор настап со кој ја заврши сезоната.

Италијанскиот скокач на тренинг ја загуби контролата и падна на линијата од 80 метри. Овој 25-годишен скијач веднаш беше пренесен во болница. Се чини дека ова е и крајот на кариерата на Кампрегер, кој најави повлекување уште пред ЗОИ во Кортина и Милано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pod Narty (@podnarty)

Се вчитува...